Претседателот на Сенегал не се штедел, им дал и пари и земја на фудбалерите!
Сенегал по едно историско финале го победи Мароко на негов терен и си замина со најголемиот африкански трофеј, а за овој фантастичен успех претседателот на земјата не штедел награди.
Секој од фудбалерите добил парична премија од 115,000 евра, плус 1.500 метри квадратни земја во Петит Кот, регион покрај море.
А секој од членовите на федерацијата добил 75.000 евра и 1.000 квадратни метри земја во истата област.
450.000 евра и земја ќе бидат поделени меѓу членови на министерството кои се грижеле за Сенегалците во Мароко.