Диего Коста открива: Никој не го сакаше Конте во Челси!

Искусниот напаѓач Диего Коста зборуваше за неговиот однос со поранешниот тренер на Челси, Антонио Конте и кажа дека никој не го сакал за време на неговиот мандат на „Стемфорд бриџ“.

Поранешниот шпански репрезентативец помина три сезони во Челси, но пред да замине не беше во добри односи со Конте.

Коста во подкастот на Џон Оби Микел откри зошто го мразеле актуелниот тренер на Елиф Елмас во Наполи.

„Мисли дека знае сè. Не уживаш додека тренираше со него, секогаш е лут. Никој не го сакаше во Челси. За мене, Мурињо беше тренер со кој најмногу уживав. Тоа е затоа што ви дава живот, доаѓате среќни на тренинг“, открива Коста.

Фото: EPA