Лапорта донесе тешка одлука и ги разочара навивачите на Барселона
Барселона неодамна потпиша со Жоао Кансело, но очигледно нема никого повеќе да донесе во клубот затоа што постојат проблеми со финансиите кои уште не се решени.
Каталонците се свесни дека секое засилување без притоа да направат продажба на фудбалери носи дополнителен притисок врз буџетот и се зголемува опасноста од казна.
Лапорта поради тоа не сака повеќе да ризикува во преодниот рок и смета дека тренерот Ханси Флик има екипа со која може да ја освои Ла Лига.
Фото: Facebook/FC Barcelona