Хорор во семејството на српската легенда: Братот на Видиќ пронајден мртов!

Братот на Немања Видиќ, Душан денеска е пронајден мртов, пишуваат медиумите во Србија.

Душан Видиќ беше постар брат на поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Црвена Звезда и српската репрезентација. Душан и Немања тренирале фудбал заедно во младоста во Јединство од Ужице, но постариот брат потоа го променил спортот, играл кошарка и имал добра кариера на српските терени.

Во овој момент не се познати повеќе детали за причините за смртта на братот на Немања.