Шок за Сити во Норвешка, пораз од Бодо/Глимт! (ВИДЕО)

Манчестер Сити доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, тимот на Пеп Гвардиола беше поразен со 1-3.

Англискиот тим влезе како сериозен фаворит, но одигра катастрофален меч.

По првите 45 минути Бодо веќе водеше со 2-0 благодарение на два гола на Хог.

По седум минути игра на домаќините им беше поништен гол поради офсајд, но во 58. минута Хауге даде прекрасен погодок за предност и од 3-0.

Во 60. минута Шерки намали на 3-1, но тоа беше се што направија момците на Пеп Гвардиола на овој натпревар.

Овој резултат може да биде удар во борбата за првите осум позиции кои водат директно во осминафиналето.

Пред овој меч се одигра дуелот меѓу Каират и Клуб Бриж кој го доби белгискиот тим со 4-1.