Ојлески: Кога си тука сакаш да помогнеш, а од дома си немоќен и само гледаш

Македонија триумфира против Романија со 24-23, а како засилување во последен момент пристигна Гоце Ојлески по повик од селекторот Кирил Лазаров.

Ојлески беше дополнлително повикан поради проблемите со повредите во македонскиот тим, па направи споредба како е да се следи ЕП од дома, а како е кога си на терен.

„Среќен сум што помогнав колку што можев. Треба да бидеме задоволни, иако можеби на крај прокоцкавме гол-разлика, но треба да бидеме задоволни со победата и горди за настапот на ЕП. Момците одиграа одличен турнир, треба задоволни да си одиме. Кога си тука на терен имаш поголем адреналин, повеќе имаш желба да помогнеш, а кога си дома си немоќен и само гледаш“, кажа Ојлески.