Стефанов: Треба да сме задоволни, дојдовме како аутсајдери во силна група!
Според Стефанов, Македонија треба да биде задоволна од тоа што го прикажала на ова Европско првенство.
„Треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме на ЕП во Данска. Дојдовме да докажеме како аутсајдери дека можеме во силна група, покрај Данска и Португалија, да извојуваме едно реми и една победа. И како една од подобрите третопласирани во сите групи да го завршиме шампионатот и да чекаме поволен ждреб во квалификациите за СП. Го чекаме резултатот од Данска и Португалија, но треба да се случи чудо за Данците да победат со 17-18 разлика, сепак ќе почекаме да заврши средбата и да ги сумираме резултатите. Ова е успешна претстава на нашите ракометари, одиграа машки, храбро и борбено. Остваривме победа против Романија, која ни е многу важна. Треба да бидеме задоволни како ракометна федерација, но и како држава“, порача првиот човек на РФМ