Митревски: Жал ми е што немавме 15 секунди за напад против Португалија!

По денешната победа над Романија, македонскиот голман Никола Митревски изрази и жалење за тоа што се случуваше денеска во второто полувреме, но и за последните моменти од дуелот со Португалија кога ремизиравме.

Македонија победи со 24-23, меѓутоа тоа веројатно нема да биде доволно за следна фаза затоа што тешко е да се поверува дека Данска може да ја победи Португалија со 18 голови разлика.

„Ние тргнавме да победиме, не ни беше важна разликата. Најважно беше да победиме, па потоа да мислиме на резултатот. Ни се отвори можност да бркаме резултат кој ќе ни даде надеж за пласман во втора фаза. Имавме напад за шест голови предност, но го загубивме ритамот. Дозволивме Романците да постигнат неколку голови и да ја стопат негативата. Ние дадовме гол за победа во последна секунда, заслуживме да победиме.

Жал ми е што не победивме со повисока предност и што немавме барем 15 секунди за напад против Португалија. Игравме против моќни екипи на ЕП, Данска и Португалија ќе се борат за медали. Позитивна е оценката за настапот на ЕП, но не е целосна. Исто како на претходното првенство, го прифаќаме како успешно, но останува доза на разочараност. Се надевам дека на следниот шампионат ќе направиме уште еден чекор за да напредуваме“, порача Митревски.

Кога е натпреварот на Данска во прашање порача дека ќе се надеваат до последен момент

„Надежта последна умира, ќе ја гледаме Данска, не знаеме како е подготвена - дали ќе се штеди или ќе оди на максимална победа. Сепак, 18 голови разлика е премногу, но не ни останува ништо друго. Ние до некаде ја завршивме нашата работа. Повеќе не зависи од нас, имаме загарантирано трето место во групата и 15-16 место на шампионатот. Останува да заврши мечот со Данска и Португалија, па да сумираме“,