Европа им се смее на Србите: Ја провоцираа Германија, па испаднаа (ВИДЕО)

Српската машка ракометна репрезентација пред неколку дена ја направи најголемата сензација на Европското првенство, победувајќи ја фаворизираната Германија во 2. коло.

Триумфот донесе толкава еуфорија кај нашите соседи што при прославата можеше да се слушне „Auf Wiedersehen“, или збогум, за поразените Германци. На крајот, работите тотално се свртеа на штета на Србија која вчера загуби од Австрија, Германија ја победи Шпанија и „орлите“ мораа да се вратат дома.

Познатиот дански новинар Расмус Бојсен објави видео од провокацијата на социјалните мрежи, со негова мала провокација кон Србите, а под него се појавија низа коментари во кои љубителите на ракометот им фаќаат сеир на избраниците на Раул Гонзалез.