Ливерпул го користи хаосот во Реал за сензационален трансфер

Актуелниот англиски шмпион Ливерпул наводно е заинтересиран за трансфер на младата ѕвезда на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга.

Премиерлигашот верува дека Камавинга би бил совршен избор за тимот на Арне Слот и се надева дека ќе го искористи моменталниот хаос во Мадрид за да го привлече во Премиер лигата.

„По заминувањето на Чаби Алонсо од Реал Мадрид, внатрешната ситуација во клубот доби неочекуван пресврт и отвори врата за реконструкција на составот. Едуардо Камавинга, 23-годишен француски играч од средниот ред, сега се појави како најбаран играч на Енфилд за да му даде на тимот одлучувачки чекор напред во квалитетот.

Со дозвола од Арне Слот, англискиот клуб се обидува да ја искористи моменталната политичка и спортска клима во Реал Мадрид за да даде официјална понуда. Интересот, опишан од британските пазарни експерти како вистински и долгорочен, сугерира договор што би ги надминал вообичаените износи што ги плаќа клубот од Мерсисајд за трансфери“, тврдат англиските медиуми.

Камавинга дојде во Реал како 18-годишник во 2021, на почетокот играше одлично, но потоа се вклопи во сивилото на тимот, а особено е лош последните две сезони. Сепак, зад неговото име веќе има 11 трофеи освоени со Реал, вклучувајќи по два од Ла Лига и Лигата на шампионите.