Србинот Милојевиќ потпиша за Пелистер (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Пелистер денеска го промовираше српскиот интернационалец Лука Милојевиќ како најново засилување пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Милојевиќ е трето засилување за „зелено-белите“, кои претходно ги промовираа Милан Србијанац и Кире Ристевски.

Пелистер по 16 одиграни кола се наоѓа на деветтата позиција со 16 бодови и го чека тешка борба за опстанок во елитата.