Митревски реален: Малку фалеше да победиме, ама и да загубиме!
Македонија освои голем бод против Португалија, се чини дека тоа беше и најреалниот резултат иако сакавме да победиме. Сепак во драмата Португалците беа тие кои напаѓаа, а ние се браневме.
„Ќе ни биде многу тешко против Романија затоа што е квалитетна репрезентација, ќе треба да победиме, а потоа да правиме математика. Не зависи само од нас исходот од оваа група кој оди понатаму. Може да биде доволен и триумф од еден гол, но и шест-седум погодоци да бидат премалку. Ние одиме да ја завршиме нашата работа, да победиме против Романија, па што ќе биде, нека биде. Ние тргнавме со помисла да победиме. Игравме добро во напад и одбрана. Избегаа на пет голови разлика, но успеавме да се вратиме. Малку ни недостасуваше да победиме, но исто толку и да изгубиме“, рече Митревски.