Митев: И кога беше најтешко и губевме со пет разлика - не се предадовме!
Митев кажа дека не загубиле мотивација и не се предале кога било најтешко на теренот и имале негатива од пет голови.
„Нè разбуди мотивираноста на екипата. Уште пред натпреварот чувствувавме добра енергија. Дури и кога губевме со пет голови разлика, не изгубивме мотивација и системот нè врати во игра. Имаме еден ден да се подготвиме за Романија, ние ќе мора да одиграме подобро од денес и мора да победиме ако сакаме втора рунда и да чекаме услуга од Данска“, кажа Митев.