Данците лесно до нова победа, ја прегазија Романија
Ракометарите на Романија само во првите минути од натпреварот беа рамноправен противник, а потоа од 5-5 почнаа да го трасираат патот кон победата. До крајот на првиот дел веќе имаа водство од 22-17.
Не се промени сликата ниту во вториот дел, предноста на Данска растеше од минута во минута за на крај да слават победа со конечни 15 голови разлика. Гидсел кај Данска беше најефикасен со девет гола, а по осум постигнаа Питлик и Хангард.
На останатите две средби, Словенија ја победи Швајцаарија со 38-35, додека Унгарија беше подобра од Италија со 32-26.