Фулкруг херој на Милан, влезе и по три минути погоди за три бода (ВИДЕО)

Екипата на Милан успеа да слави минимална победа над Лече од 1-0, а херој беше германскиот напаѓач, Никлас Фулкруг.

Фулкруг, влезе во игра во 73. минута, а само три минути подоцна го постигна победничкиот гол за големи три бода.

Милан се мачеше во текот на целиот натпревар и тешко создаваше шанси за гол, а во првото полувреме речиси и да немаше посериозни прилики пред голот на Лече.

По голот на Фулкруг, Милан се повлече и сигурно ја бранеше предноста.