Синот на Ван Перси блесна со два гола - стрелаше и со „ножички“! (ВИДЕО)

Синот на легендарниот холандски фудбалер Робин ван Перси, Шекил ги постигна своите први голови во професионалниот фудбал и тоа на натпреварот на кој неговиот Феенорд беше поразен од градскиот ривал Спарта со 4-3.

Младиот Ван Перси, кому ова му беше трет настап во професионалната кариера, влезе во игра во средината на второто полувреме и малку недостигаше да ѝ донесе бод на својата екипа.

Спарта поведе пет минути пред крајот на првото полувреме со голот на Џошуа Китолано, а предноста беше зголемена десет минути по почетокот на вториот дел преку Мичел ван Берген. Набрзо по влегувањето на Шакил ван Перси, Хванг Ин-Беом го намали резултатот за Феенорд, но околу дваесет минути пред крајот Шунсуке Мито повторно ѝ донесе предност од два гола на Спарта.

Тогаш на сцена стапи Ван Перси. Прво намали на 3-2 со атрактивен гол со пета, а потоа израмни со спектакуларни „ножички“ и потсети на својот славен татко. Сепак, тоа не беше доволно Феенорд да го избегне поразот.