„Останавме сплотени, верувавме и докажавме дека знаеме да играме ракомет!“

Ракометарите на Македонија одиграа нерешено против Португалија во второто коло од Европското првенство (ЕП), а Мартин Велковски по мечот кажа дека резултатот е голем за нашата репрезентација.

Велковски кажа дека останале сплотени кога било најтешко, верувале во добар резултат и докажале на терен дека можат да се борат до крај.

„Благодарен сум ѝ на публиката која пристигна во голем број. Се надевам дека ги направивме горди. Ова е голем резултат за Македонија. Можеби на ваков резултат сме се распаѓале и натпреварите сме ги губеле со 10 голови разлика. Сепак, останавме сплотени, верувавме и докажавме дека знаеме да играме ракомет. Уште пред да дојдеме, знаевме кои натпревари за нас се најважни, знаеме дека Романија е следна, ја анализиравме и одиме да го добиеме натпреварот. Се надеваме на пласман во следната фаза“, посочи Велковски.