Евертон ја шокира Астон вила среде Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон успеаја да го изненадат составот на Астон вила (0-1) среде Бирмингем во 22. коло од Премиер лигата.

„Карамелите“ првпат посериозно се заканија во 33. минута кога погодија преку О’Брајан, но ВАР-технологијата го поништи голот поради офсајд.

Тиерно Бери, сепак, по речиси еден час игра успеа да го матира голманот на Астон вила и да донесе три бодови за Евертон.

Астон вила остана на третата позиција со 43 поени, додека Евертон е на 10. место со 32 бодови.

Фото: Facebook/Everton