Фарски Острови ја декласираа Црна Гора, Исланд ја прегази Полска
Фарски Острови доминираа во првиот дел и ги искористија грешките на Црногорците за да го добијат првото полувреме со 19-12.
Доминацијата на Фарски Острови продолжи и во вториот дел, каде што дополнително ја зголемиија предноста до конечни 37-24. Оли Митун беше најефикасен во победничката екипа со 10 голови.
Полска во воведните минути постојано имаше предност од еден гол против Исланд (5-4), но потоа ривалот ја презема контролата и успеа да стигне до 13-10 на паузата.
Исланд влезе во одлична серија во вториот дел и набрзо стигна до двоцифрена предност (24-14), а на крајот триумфира со 31-23.
Фото: EPA