Кристал Палас ќе го брка менаџерот зашто го крена гласот против управата
Британските медиуми тврдат дека тој се наоѓа пред отказ откако вчера го крена гласот против работата на управата која на ден пред натпреварот против Сандерленд одлучи да го продаде капитенот и стопер од Брегот на Слоновата Коска, Марк Гуехи. Палас загуби со 1-2, а тоа многу го изнервира Гласнер кој на прес-конференцијата беше жесток против управата.
„Се чувствувам целосно предаден, најлоша работа е кога ќе ти го продадат капитенот ан ден пред натпревар. Досега молчев, но два пати ми го прават тоа оваа сезона. Прво на ден пред натпревар го продадоа Езе, а сега и Гуехи“, луто изјави Гласнер..
Неодамна тој изјави дека си заминува од Кристал Палас на крајот од сезоната, односно дека нема да го продолжи договорот со клубот. Веднаш почнаа шпекулации дека ќе го преземе Манчестер Јунајтед претстојното лето, но засега од клубот од Олд Трафорд нема потврда за такво нешто. Управата на Палас сега се сврте против него и можно е Австриецот да стане следна голема тренерска жртва во Премиер лигата.