Дортмунд од пенал во 95. минута го „нокаутира“ Сент Паули (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд триумфираа со 3-2 против Сент Паули во 18. коло од Бундеслигата и го задржа чекорот зад Баерн Минхен.

Брандт во судиското надополнување од првото полувреме погоди за предност на „милионерите“ од 1-0, по што на стартот на вториот дел Адејеми зголеми на 2-0.

Сент Паули набрзо го шокира домаќинот со два погодоци преку Сендс и Џонс со што стигна до 2-2, по што Дортмунд го чекаше пеколна завршница.

„Милионерите“ конечно добија шанса за победа во 95. минута од пенал и ја искористија преку Чан за конечни 3-2.

Останати резултати:

Келн – Мајнц 2-1
Хофенхајм – Баер Леверкузен 1-0
ХСВ – Борусија Менхенгладбах 0-0
Волфсбург – Хајденхајм 1-1

Фото: Borrusia Dortmund/Facebook