Лаутаро донесе три бода од Удине, Интер ја одржува предноста на врвот! (ВИДЕО)
Единствениот гол на мечот падна рано, во 20. минута по асистенција од Еспозито, Лаутаро Мартинез убаво се снајде и погоди за водство на Интер од 1-0 кое значеше и победа.
Интер беше подобар тим и заслужено дојде до победата која е од многу големо значење.
Нероазурите се на врвот и ја одржуваат предноста пред Милан, Наполи, Јуве и Рома.