Реал Мадрид со еден потег ги шокираше навивачите: Вие губете, ние ќе аплаудираме!
Промената на тренерската позиција не донесе некое подобрување, а поради незадоволството од навивачите клубот планира да преземе нови мерки.
Наводно, по секој домашен натпревар ќе се прегледуваат снимките од камерите на „Сантијаго Бернабеу“, а навивачите кои ќе бидат фатени како ги исвиркуваат играчите и стручниот штаб би можеле да добијат забрана за присуство на домашните натпревари во одреден период.
Од клубот тврдат дека ваквите мерки не се обид за замолчување на незадоволството, туку обид да се спречи лошата атмосфера, која ја сметаат за контрапродуктивна во овие тешки моменти.
„На фудбалерите им е потребна максимална поддршка и веруваме дека клубот наскоро ќе излезе од актуелната криза. Кој сака да свири и навредува, може тоа да го прави, но не и на стадионот“, порачале извори блиски до клубот.
Ваквата одлука предизвика лавина реакции на социјалните мрежи:
„Се шегувате?“, „Дали сте нормални?“, „Вие губите, ние ќе аплаудираме“ и „Кога мислиш дека не може полошо“, се само дел од коментарите на шокираните навивачи.