Вардар мисли и на иднината – го продолжи договорот со младиот Стојановски!
Станува збор за ракометар кој е израснат во вардаровата школа, како еден од ракометарите кои трпеливо и сигурно го трасираа својот пат до сениорскиот тим. Во изминатиот период се наметна како доверлива опција на позицијата лево крило, а неговиот континуиран напредок беше препознаен од стручниот штаб, кој му доделуваше сè поголема минутажа.
Стојановски има големо репрезентативно искуство со младите селекции на Македонија, што дополнително ја потврдува неговата перспектива и потенцијал за понатамошен развој. Од таборот на Вардар истакнуваат дека и во наредниот период ќе сметаат на енергијата, посветеноста и желбата за напредок на Стојановски, со јасна цел за заеднички успеси и враќање на клубот на врвот.