Серафимов: Противникот делува страшно, но ние сакаме да одиграме најдобро што можеме

Со веќе завиден стаж во репрезентацијата и 71 одигран натпревар, бекот на Алкалоид, Мартин Серафимов би требало да биде меѓу носителите на играта на националниот тим на Европското првенство кое почна вчера.

Македонија на стартот игра против домаќинот Данска, јасно е кој е фаворит на овој меч, но нашите ракометари не планираат да се предадат.

„Пред мечот со Данска, чувствата кај нас се специфични, но треба да се знае дека ова е само еден обичен натпревар, почнуваме од 0-0, треба да настапиме како против кој било друг ривал и да се обидеме да избориме добар резултат. Противникот е одличен, сите ракометари играат во врвни клубови и тоа, барем на хартија, делува страшно.

Но, како што реков, ние излегуваме на терен за да одиграме најдобро што можеме. Кај нас нема калкулации и ако одиграме најдобро што знаеме, можеме да извлечеме добар резултат. Спортски е да се надеваме на успех, но од нас зависи како ќе влеземе во мечот и како ќе одиграме“, рече 25-годишниот репрезентативец на Македонија.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија е на програмата дод 20:30 часот, а претходно, од 18 се среќаваат Романија и Португалија.