Еден од најголемите македонски таленти ќе се докажува во Сасуоло!

Наскоро во италијанската Серија А би можел да заигра уште еден Македонец и тоа Матео Кесиќ кој според информациите на српските медиуми отпатувал на проба во Сасуоло.

Кесиќ е член на екипата на Јединство УБ, но не се појавил на закажаните подготовки за вториот дел од сезоната и според медиумите во оваа земја причината е Сасуоло.

Кесиќ има 17 години и е стандарден репрезентативец на Македонија до оваа возраст, претходно беше член и на генерацијата до 16 години.

Добро во ситуацијата на Кесиќ може да биде тоа што во овој момент за Сасуоло настапува Немања Матиќ кој е  прв човек на тимот на Јединство.

Кариеата Кесиќ кој игра како централен дефанзивец ја започна во редовите на Берра Струмица, додека пред Јединство настапуваше и за Бродарац.