Атрактивна Мексиканка во проблем, изгоре на сонцето пред Австралија опен (ФОТО)

Мексиканската тенисерка Рената Саразуа се соочи со необичен проблем пред почетокот на Австралија опен, па се пожали на социјалните мрежи.

Тенисерката која има 28 години на социјалните мрежи објави фотографија на која може да се видат нејзините изгорници добиени по тренинзите и подготовките за настапот на првиот првиот грен-слем турнир во сезоната.

„Австралиското сонце не е шега“, додаде Мексиканката покрај фотографијата.

Инаку, тенисерката од Мексико минатата година го привлече вниманието на тениската јавност кога на Ју-Ес опен приреди големо изненадување совладувајќи ја победничката на Австралија опен, Американката Медисон Киз.

Саразуа во овој момент е 80. тенисерка на ВТА-листата и во среда ќе настапи во осминафиналето на турнирот во Хобарт против 18-годишната Американка Ива Јовиќ. Турнирот во Хобарт традиционално служи како последна проверка пред Австралија опен, кој се игра во Мелбурн.