Најбизарен прес во НБА: Тренерот на Бостон како папагал повторуваше два збора (ВИДЕО)
По кошот за победа на Паскал Сијакам, Мазула одржа веројатно една од најбизарните прес-конференции во историјата на лигата, која траеше само 44 секунди. Видно револтиран од судењето во клучните моменти, младиот стратег одби да влезе во анализа на мечот и на сите шест новинарски прашања одговори со истите две зборови: „Неправилен блок“. Без разлика дали беше прашан за последниот напад, за тактиката, одбраната или психолошката состојба на екипата, Мазула механички ја повторуваше истата фраза, алудирајќи на ситуацијата што го реши натпреварот.
Причината за неговиот бес е акцијата на 28 секунди до крајот, при израмнет резултат. Сијакам постави блок за да си отвори простор, по што реализираше кош за победа. Од таборот на Бостон сметаа дека станува збор за офанзивен фаул, односно „неправилен блок“ врз Дерик Вајт, при што Сијакам наводно го истурил колкот за да го спречи дефанзивецот. Судиската тројка не реагираше, поените беа признати, а Вајт во последната секунда промаши шут за победа.
Настапот на Мазула не беше само излив на фрустрација, туку и пресметан потег. НБА лигата строго ги санкционира јавните критики кон судиите, а само еден ден претходно неговиот играч Џејлен Браун беше казнет со 35.000 долари поради коментари за арбитражата.Затоа Мазула се реши за „протест со тишина“, односно со повторување на фраза која формално не претставува навреда, но испраќа јасна порака дека неговиот тим се чувствува оштетен.