„Ако го испратиме брзиот ритам на Данска ќе може да се надеваме на добар резултат!“
Базата на „црвено-жолтите“ е во Силкеборг, каде што националниот тим влезе во последните денови на финално темпирање на формата. Целиот фокус, како што истакнуваат од таборот на селекцијата, е насочен кон стартниот дуел против домаќинот и актуелен фаворит Данска. Средниот бек, Марко Митев, нагласи дека подготовките се одвиваат според планот и дека амбицијата е јасна – максимална борба и обид за позитивен резултат против силниот противник.
„По напорниот пат добивме ден за одмор. Утрово имавме фитнес-тренинг, а вечерва продолжуваме со работа во сала. Европското првенство започнува за три дена и целиот наш фокус е на првиот натпревар со Данска. Тие се фаворити, но наше е да дадеме максимум и да се обидеме да извлечеме добар резултат. Имаме уште неколку дена за тактичка и физичка подготовка и се надевам дека ќе можеме да го испратиме нивниот ритам“, изјави Митев.
Како последна проверка пред почетокот на шампионатот, Македонија ќе одигра уште еден контролен натпревар и тоа против данскиот второлигаш Мидтјиланд, по што целосно ќе се насочи кон премиерниот меч на ЕП 2026, закажан за в петок во Хернинг против Данска.