Јамал го сними Шчесни со цигара - кога сфати што направи веќе беше доцна (ВИДЕО)

Славјето на Барселона по победата над Реал Мадрид од 3-2 во финалето на шпанскиот Суперкуп брзо се префрли и надвор од теренот, а еден детал од соблекувалната го привлече вниманието на јавноста.

Имено, Јамаал во еден момент го снимаше славјето на своите соиграчи преку Инстаграм, овозможувајќи им на навивачите поглед што се случуваше во соблекувалната, но токму во тој момент се појави голманот Војчех Шчесни и тоа со цигара во рацете.

Сепак, Шчесни и во минатото отворено зборувал за својата страст кон цигарите, па така веројатно не би се соочил со некаква санкција од клубот.