Барса убаво го наплати триумфот на Суперкупот – добро минаа и „лузерите“ од Мадрид!
Каталонците со триумфот инкасираа осум милиони евра, додека Реал Мадрид како поразен финалист заработи 7,5 милиони евра. Разликата меѓу двата ривали изнесува само 500.000 евра – сума која во денешниот врвен фудбал има симболично значење. Вкупниот награден фонд на натпреварувањето, обезбеден од Шпанска фудбалска федерација, изнесува 21,3 милиони евра.
Барселона и Реал Мадрид добија по шест милиони евра само за учество на турнирот. Како освојувач на трофејот, Барселона беше дополнително наградена со уште два милиони евра, додека Реал Мадрид, како финалист, доби бонус од 1,5 милиони евра за второто место.