Српски стопер доби девет конци на главата и пролеа литар крв на дресот на Милан!
Инцидентот се случи при судир со Пјетро Комуцо, по што тој прокрвари на главата. Согласно протоколите на италијанскиот фудбал, дефанзивецот веднаш беше пренесен во болница на превентивни прегледи, кои покажаа дека, освен расекотината, нема други повреди. Српскиот фудбалер доби девет конци, но и покрај сериозната сцена и големата количина крв што му го натопи дресот при излегувањето од игра во 74. минута, ситуацијата мина без компликации. Павловиќ веќе денеска може да се приклучи на тренингот за опоравување и ќе биде подготвен за првенствениот меч против Комо во четврток.
Милан со ремито во Фиренца не го искористи киксот на директните ривали во трката за титулата, откако Интер и Наполи одиграа 2-2 во меѓусебниот дуел. На врвот на табелата нема промени – Интер има три бода повеќе од Милан и четири од Наполи.