Мбапе замина дури до Саудиска Арабија за - ОСУМ контакти со топката (ФОТО)

Иако на 31 декември беше објавено дека Килијан Мбапе ќе мора да пазира најмалку три недели, тој заигра синоќа во финалето од шпанскиот Суперкуп што се одржа во Саудиска Арабија.

Можеби станува збор за најневажно натпреварување, но дуелот против Барселона очигледно беше од огромно значење за Чаби Алонсо и неговиот опстанок на клупата на Реал, па тој одлучи да го повика Мбапе во Саудиска Арабија по пласманот во финалето. Французинот веднаш замина, имаше најави дека можеби и ќе биде стартер, потоа дека ќе влезе во игра во второто полувреме, но на крајот заигра дури откако Барса поведе со 3-2, во 74. минута.

Според она што го покажа на теренот, јасно е дека Мбапе е далеку од посакуваната форма и очигледно не е во добра здравје иако малку недостасуваше да асистира за израмнувачки гол во последните секунди од натпреварот. На крајот, сепак, излезе дека отпатувал во Саудиска Арабија за да одигра 20-тина минути (со судиското продолжение) во кои имаше едвај осум (!!!) контакти со топка.

Најважен од сите беше оној од пред крајот на основните 90 минути кога изнуди директен црвен картон за Френки де Јонг.