Несторовски му даде гол на Арсими, убедлива победа на Славен Белупо
Серијата погодоци за Славен Белупо ја отвори токму Несторовски кој погоди во 37. минута од натпреварот. 1-0 беше резултатот од првото полувреме.
Арсими успеа да изедначи во 71. минута, но до крајот на натпреварот прими дури четири гола и на крајот убедливо е поразен. Славен погодоците ги постигна во 78., 80., 81. и 89. минута.
Ова беше втор меч за Арсими на Арена купот, македонскиот тим слично мина и во првото коло кога загуби со 4-0 од Вуковар.