Историја во ФА купот: Шестолигаш го елиминираше бранителот на трофејот! (ВИДЕО)
Фановите на Маклсфилд го слават најголемиот успех во нивната историја, првпат по 117 години се случува аматерски клуб да елиминира Премиерлигаш, а никогаш досега не се случило тоа да биде бранителот на трофејот.
Маклсфилд е клуб кој се натпреварува во Националната лига север која е шести ранг на натпреварување во Англија. Интересно, тренер на тимот е братот на Вејн Руни, Џон Руни.
Денеска и Вејн Руни беше на трибините на стадионот кој собира нешто повеќе од 5.000 гледачи. Славниот Руни беше сведок на неверојатен успех на неговиот брат.
Во финишот од првиот дел Маклсфилд поведе со гол на Доусон, а во 62. минута Бакли зголеми на 2-0.
Кристал Палас даде гол дури во 90. минута кога Пино биеше прецизно од слободен удар.
Премиерлигашот имаше уште седум минути за да израмни и да избегне срам, но фудбалерите на Маклсфилд херојски се одбранија.
По последниот судиски свиреж навивачите вртчаа во теренот за заедно со своите фудбалери да го прослават овој историски успех.