Скандал на пријателски натпревар: Фудбалер на Лугано нападна свој соиграч (ВИДЕО)
Главен актер беше Кевин Беренс, напаѓач на швајцарскиот клуб, кој во еден момент физички го нападна сопствениот соиграч Јоргос Куцијас. Видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува момент на целосно губење на контролата.
Беренс, видливо вознемирен, агресивно тргна кон Куцијас, го зграпчи и го турна, а ситуацијата лесно можеше да ескалира во посериозен инцидент доколку другите играчи не реагираа. Сè се случи на средина од натпреварот, пред неговите соиграчи, тренерскиот штаб и мал број гледачи.
Разликата меѓу Беренс и Куцијас изнесува 13 години, двајцата играат во нападот и досега постигнаа вкупно девет гола. Чудна е оваа ситуација ако се знае дека Лугано игра добро во досегашниот дел од сезоната во швајцарското првенство и се наоѓа на третото место со 33 бода, седум помалку од лидерот Тун.