Рексам пишува холивудско сценарио, го мина Нотингем форест во ФА Купот!
Рејнолдс и Мекелхени го земаа клубот кога беше во Националната лига, а потоа експресно го донесоа до Чемпионшип, а и таму играат одлично оваа сезона и се блиску до местата кои водат во плејофот.
Денеска велшкиот клуб испиша нова историја, елиминираше премиерлигаш во ФА Купот пласирајќи се во четвртото коло.
Рексам водеше со 2-0 по првото полувреме со голови на Кекаче и Ратбон. Игор Жесус намали на 2-1 во 64. минута.
Хиам даде гол за 3-1 во 74. минута, но веднаш возврати Хадсон Одои и намали на 3-2, а истиот фудбалер во 89. минута погоди и за 3-3 и го однесе мечот во продолженија.
Во 30 минути продолжение немаше погодок, па пеналите го решаваа победникот.
Пенал серијата им припадна на домаќините, а херојот беше голманот Оконво кој одбрани два пенали на Нотингем, по што можеше да почне големата радост.