Црвена звезда се распадна во Каунас, тежок пораз од Жалгирис!
Уште во првата чевртина се виде дека на Црвена звезда денеска лошо ѝ се пишува во Кауна. Првите десет минути домаќинот ги доби со 26-12 и потоа до крајот одира лесен меч.
На полувремето беше 47-28 за Жалгирис. Црвена звезда беше добра само во треиот период кој го доби со 24-21, а во последните десет минути и се случи катастрофа, беше 31-15 за домашниот тим за конечна победа од 99-67.
Жалгирис одигра тимски, па и покрај високата победа играч на Црвена звезда беше најефикасен на натпреварот, тоа беше Монеке со 18 поени. Најмногу за литванскиот тим реализираше Тублис, 17.