Вардар ќе го продаде Мато, но само ако некој понуди 1,5 милиони евра!
„Црвено-црните“ се подготвени да го продадат Мато, но само ако некој понуди 1,5 милиони евра за потписот на фантастичниот фудбалер.
„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Рогерс Кассим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра“, објави Вардар.
Мато оваа сезона настапи на 17 меча за Вардар во сите натпреварувања, а притоа постигна 15 голови и две асистенции.