Раиконен најбрз, Алонсо втор на последните тестирања

Возачот на Ферари, Кими Раиконен, оствари најбрзо време во текот на последниот ден од претсезонските тестирања на патеката Каталуња во Барселона.

Раиконен оствари време од 1:17,221 минута и беше за 0,5 секунди побрз од Фернандо Алонсо од Мекларен.

„Во Мелбурн ќе видиме што сме направиле на тестирањата. Ќе дадеме сѐ од себе. Чувството е добро“, изјави Раиконен.

Актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес беше 11-ти со вреем од 1:19,604, а неговиот клупски колега Валтери Ботас беше побрз и оствари шесто време од 1:18,825.

Возачите на Мерцедес ги завршија претсезонските тестирања, бидејќи извозеа 1.037 круга, повеќе од било која друга екипа. Ферари извозе вкупно 925 круга.

Сезоната во Формула 1 почнува на 25 март со трката за Голематанаграда на Австралија.