Ѕвезда на Манчестер сити ја одложи свадбата поради СП 2026
Голманот на Манчестер сити, Џанлуиџи Донарума ја одложи свадбата за да биде подготвено следното лето да игра за Италија на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, објави неговиот агент Енцо Рајола.
„Сакаше да се венча следното лето, но ја одложи свадбата затоа што на прво место му е Италија. Многу му е важно Светското првенство, бараше да остане фокусиран само на својот клуб и репрезентацијата“, кажа Рајола.
Фото: Facebook/Manchester City