Милан ѝ нуди договор до 2029 година на една од своите најголеми ѕвезди
Пулишиќ е најголема ѕвезда на „росонерите“ и лидер на тимот, но неговиот актуелен договор важи до 2027 година, па поради тоа Милан сака да му ја продолжи соработката до 2029 година.
Фудбалерот се наоѓа во неверојатна форма оваа сезона, односно во Серија А учествуваше при постигнување на 21 гол, односно запиша 14 погодоци и седум асистенции.
Фото: AC Milan/Facebook