Драма во Торонто, Денвер победи на првиот меч без Јокиќ (ВИДЕО)

Деневер славеше со 106-103 на гостувањето кај Торонто во првиот меч без Никола Јокиќ кој подолго време ќе биде надвор од теренот поради повреда, крајот беше исклучително драматичен.

Јокиќ се повреди на минатиот меч на Денвер, а прогнозите се дека околу еден месец ќе биде надвор од теренот. Тоа е сериозен период во кој неговиот тим ќе мора да игра без својот најдобар кошаркар.

Првиот меч помина добро, Денвер победи на гостински терен кај Торонто со три поени разлика.

Во последните секунди од мечот се случуваше вистинска драма. Торонто погоди тројка во последните моменти и се израдува на продолжение, но по прегледувањето на снимката судиите утврдија дека топката е доцна исфрлена и поените не важеа, па радоста отиде кај кошаркарите на Денвер.

Најефикасен во составот на Денвер бееш Вотсон со 24 поени, Мареј постигна 21, кај Торонто Инграм реализираше 30.

Резултати:

Кливленд - Феникс 129-113
Чикаго - Њу Орлеанс 134-118
Сан Антонио - Њујорк 134-132
Торонто - Денвер 103-106
Милвоки - Вашингтон 113-114
Оклахома - Портланд 124-95