Алегри ставил вето: Силва нема да се пресели во Милан!?

Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва покажа интерес да се врати во италијанскиот гигант Милан, но трансферот беше блокиран во последен момент од страна на тренерот Масимилијано Алегри.

Антонио Касано објави дека советникот на клубот Златан Ибрахимовиќ дал „зелено светло“ за враќање на Силва, но тренерот го спречил трансферот затоа што смета дека Бразилецот не е на посакуваното ниво.

Силва во кариерата играше за Порто, Милан, ПСЖ и Челси, по што се врати во татковината, но сега сака повторно да игра во Европа.