Се повреди и Вембањама - брзо стигнаа информациите за неговата состојба! (ВИДЕО)

Брзо по повредата на Никола Јокиќ, уште една НБА ѕвезда ги исплаши кошаркарските фанови, Виктор Вембањама се повреди на мечот меѓу Сан Антонио и Њујорк.

Повредата се случи во последната четвртина од мечот меѓу Сан Антонио и Њујорк кој го добија домаќините со 134-132.

При еден доскок Вембањама го повреди коленото и веднаш замина кон соблекувалната, не се врати на теренот, а тоа ги исплаши фановите.

Сепак место за паника нема, веднаш биле направени тестови кои покажале хиперекстензија на коленото, но без поголеми последици. Вембањама потврдил дека не станува збор за сериозна повреда и ќе биде на располагање на тренерот уште на следниот меч.