Модриќ: Да не беше Мурињо, немаше да заиграм за Реал Мадрид!

Легендата на Реал Мадрид и на хрватскиот фудбал, Лука Модриќ има големи зборови за португалскиот стратег, Жозе Мурињо.

Мурињо беше тренерот кој инсистираше Модриќ да дојде во Реал Мадрид. Фановите беа скептични за овој трансфер, бидејќи Хрватот не почна идеално, но Жозе им рече да бидат трпеливи и да почекаат бидејќи Модриќ ќе стане легенда на овој клуб. Подоцна тоа стана вистина.

„Мурињо беше оној кој ме донесе во Реал Мадрид. Без него, никогаш немаше да отидам во овој клуб. Тој е посебен и како тренер и како човек“, рече Модриќ.

Хрватот вели дека Мурињо бил и најтешкиот тренер.

„Секако, Мурињо беше и најтешкиот тренер. Тој направи Кристијано Роналдо да плаче во соблекувалната бидејќи не го притискаше десниот бек на противникот како што треба“, откри Хрватот.