Потрес по дебаклот: Обамејанг избркан од репрезентацијата!
Габон во групната фаза забележа три порази во три натпревари, а еден од фудбалерите кој најмногу е на удар е Пјер Емерик Обамејанг.
Исто така по дебаклот стигна и брза реакција од раководството на федерацијата кој одлучи да го распушта тренерскиот стручен штаб, додека најголемата ѕвезда на тимот, Пјер-Емерик Обамејанг, заедно со капитенот Бруно Екуеле Манга, се исклучени од тимот.
Оваа одлука беше објавена преку официјално соопштение, кое брзо беше повлечено од социјалните мрежи, но претходно беше пренесено од повеќе локални медиуми.