Пелистер ги дозна противниците во младинската Лига на шампиони

Втората сезона од младинската Лига на шампиони ќе започне на пролет и во неа Македонија одново ќе има претставник и тоа повторно ќе биде Пелистер.

Денеска младите пелистерци ги добија и своите противници во групата 2 каде што ќе играат уште: Загреб, Алборг и Фуксе Берлн.

Натпреварите од групната фаза се закажани за 30 и 31 арт, а само првиот од групата ќе обезбеди место на „фајнл-фор“ турнирот кој ќе се игра во Келн во јуни.