Емери кажа зошто не се поздрави со Артета, но - излажа! (ВИДЕО)
Емери кој е поранешен тренер на Арсенал и откако замина вообичаено вадеше добри резултати против топчиите, овојпат доживеа тежок порази и не го прифати најдобро.
Тој по последниот судиски свиреж веднаш замина во соблекувалната, не се поздрави со Артета, а потоа објаснуваше зошто се случило тоа.
„По крајот на мечот мојата рутина е секогаш брза, се поздравувам со противникот и одам. Овојпат чекав, но Артета се радуваше. Одлучив да отидам внатре, не можев да чекам засегакош. Беше ладно надвор“, рече Емери по мечот.
Вистината не баш таква, од видеото може да се види дека Емери не чекаше, а Артета погледна барајќи го да се поздрави, но тој не беше таму.