Хаос во Турција: Се степаа кошаркарки, една нокаутирана (ВИДЕО)
Откако гостинките постигнаа кош во последните секунди и остварија драматична победа со резултат од 73-72, на и околу теренот избувна општа тепачка, во која Ајдин Топча го извлече најдебелиот крај.
Кошаркарката на Бодрум беше повредена за време на тепачка во која учествуваа неколку играчи од двата тима, и по натпреварот беше примена во болница, каде што раната ѝ беше зашиена, објавија турските медиуми.